Актерката ги сподели тажните вести: „Срцето на моето бебе престана да чука“

Добивај вести на Viber

Австралиската актерка Клер Холт, најпозната по улогата во серијата „Вампирски дневници“ проговори за тешкиот период во животот низ кој моментално поминува.

Познатата актерка на својот профил на Инстаграм сподели со цел свет дека доживеала спонтан пораѓај, бидејќи срцето на нејзиното бебе престанало да чука.

Таа истакнала дека поминала низ вистински пекол и дека по загубата на нероденото бебе морала да подлежи на медицински зафат кој се спроведува после спонтан пораѓај како би се исчистила матката.


„Ја направив оваа фотка пред десет дена, додека ја чекав операцијата бидејќи срцето на моето мало слатко дете престана да чука. Му ја испратив сликата на мојот свршеник кој беше во чекалната како би му покажала дека сум добро, но не сум“, искрена е актерката.


Таа признала дека не можела сама да поминува низ тоа и дека без поддршка на свршеникот целиот процес би и бил уште потежок.