Актерката Ребел Вилсон открива: Оваа едноставна работа ми помогна да ослабам 35 килограми
Во текот на 2020 година, актерката интензивно работеше на слабеење, а резултатот е - 35 килограми.
Актерката Ребел Вилсон (41) во 2020 година одлучи да ослабе. Таа го нарече потфатот „година на здравјето“. Наместо да оди во теретана и да има приватни тренери, Вилсон одела на прошетки - односно таа пешачела за да ослаби!
Актерката откри дека докторот ја советувал да оди на долги прошетки за да слабее.
Докторот ми рече: „Ребел, ако сакаш да ослабиш, најдобро е да одиш што повеќе!“
„Тоа не мора да биде брзо одење, не мора да биде дури ни по рид, само еден час пешачење секој ден - тоа е најдобриот начин да се ослободите од несаканите килограми", изјави Ребел.
Еве што може да направи пешачењето на вашето тело:
Истражувањата покажаа дека пешачењето еден час дневно е доволно за да согорите доволно калории за да изгубите тежина. За шест месеци дневно брзо одење, 11 жени со просечна тежина успеале да изгубат во просек 7,7 килограми или 10 отсто од својата тежина.
Колку килограми ќе изгубите со пешачење зависи секако од дневниот внес на калории, кој дефинитивно треба да се намали, а во просек доволно е да го намалите внесот за 500 калории, што ќе ви помогне да изгубите 0,45 килограми неделно. Со пешачење ќе изгубите дополнителни калории, па тогаш неделното слабеење ќе биде поголемо, а еден килограм неделно се смета за оптимален.
Медицинските експерти го поврзуваат одењето со намален ризик од многу нарушувања во телото, кои вклучуваат:
прекумерна тежина и дебелина;
дијабетес;
хипертензија;
депресија и зголемена анксиозност;
Алцхајмерова болест и сенилна деменција;
хормонално нарушување;
артритис;
ПМС и симптоми на менопауза;
хроничен замор;
онколошки процеси.
извор:Stil.kurir.rs