Александар Трајковски е македонски херој кој ја покори Италија, а оваа црнокоса убавица е негова сопруга

Александар Трајковски е човек кој со голот влезе во историјата на македонскиот фудбал.

Цела Македонија слави, а по Горан Пандев кој со години беше заштитно лице на репрезентацијата добивме нов херој. Александар Трајковски, напаѓачот кој направи чудо со својот 20-ти гол за репрезентацијата!



Во полуфиналето од баражот за пласман на СП во Катар 2022 година, избраниците на Благоје Милевски ги издржаа сите напади на ривалот, 16 корнери, 32 удари кон голот и на италијански начин успеаја да ги совладаат „азурите“ и да ги елиминираат од уште едно Светско првенство. А за тоа најзаслужен е напаѓачот од Скопје.

„Бомбата“ се случи во продолжението.

Гол кој засекогаш ќе се памети, стрела која ја проби мрежата на Џанлуиџи Донарума. Секако, сега Македонија ја чека уште потежок меч со Португалија во финалето, но и да се стигне до финалето е чудо!

View this post on Instagram

A post shared by Alex Trajkovski (@alextrajkovski8)



Кој е Александар Трајковски?

Александар Трајковски (роден на 5 септември 1992 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Палермо и на македонската репрезентација.

Трајковски ја започнал својата кариера во Цементарница 55 во сезоната 2009-10 каде од младинскиот тим бил префрлен во првиот тим. Одличните игри на Трајковски го привлекле вниманието на хрватскиот клуб Интер Запрешиќ, во чии редови преминал на крајот од сезоната. Тој имал 17 години и не можел да игра сè додека не наполнил 18 години.

Добрите игри на Трајковски во хрватскиот клуб во вториот дел од сезоната 2010-11 го привлекле вниманието на Динамо Загреб и Андерлехт, кој доставил понуда до Интер Запрешиќ од 500.000 евра, но понудата била одбиена. Сепак, Трајковски на крајот на сезоната потпишал за друг белгиски клуб, Зулте Варегем кој за него платил 1 милион евра. Во 2013, тој бил позајмен на белгискиот клуб Мехелeн.

Во летото 2015, Трајковски потпишал петгодишен договор со италијанскиот клуб Палермо. Својот прв натпревар за новиот клуб, Трајковски го имал на 23 август 2015, на натпреварот од првото коло од Серија А против Џенова, влегувајќи од клупата во 33. минута. Во следното коло, во победата од 1-0 против Удинезе, тој ги одиграл сите 90. минути за својот клуб.[3] Својот прв погодок за "сицилијанците" го постигнал на 2 декември 2015, во поразот со 3-2 на домашен терен од Алесандрија во четвртото коло од Купот на Италија.



Најголема поддршка од сопругата и семејството

View this post on Instagram

A post shared by Alex Trajkovski (@alextrajkovski8)



Ништо во животот не можеме да постигнеме ако ја немаме поддршка од најблиските. Токму голот со кој ја вивна Македонија во фудбалското небо, Трајковски му го посвети на семејството и на цела Македонија.

„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“ - напиша на Инстаграм Трајковски.

View this post on Instagram

A post shared by Alex Trajkovski (@alextrajkovski8)



Тој е во брак со згодната црнокоса Александра.  Плод на нивната љубов е синчето Матеј кој има 5 годинки.



Од фотографиите на социјалните мрежи гледаме дека Александра и синот често го придружуваат сопругот на патувањата. 



ФОТО: Инстаграм/Официјален профил Александар Трајковски