Александра Илиевска (Брза Кујна) домаќин на 9тиот Саем за венчавки од 22 до 24 февруари

Добивај вести на Viber

Во организација на интернет магазинот www.vobelo.com   се организира 9тиот саем за венчавки, а локацијата е традиционално хотелот Александар Палас. Саемот е закажан од 22 до 24 февруар. Програмата е интересна и интерактивна. Оваа година ќе има изложувачи и од Грција,Шпанија Италија и Србија, а секако и нашите најдобри креатори кои ќе ги претстават своите нови колекции на венчаници и свечени тоалети. Петокот е свечено отоворање со ревија на познатите во венчаници, сабота и недела ќе имаме можност да видиме неколку индивидуални модни ревии, како и работилници за свадбена шминка и фризура. 

За прв пат саемот е интернационален, па така освен нашите најдобри дизајнери на саемот свое учество ќе земат  и групацијата White Angels со четири шпански, еден италијански бренд(Моника Лорети, Ханибал Лагуна, Ману Гарсија...) како и еден од најдобрите српски дизајнери на венчаници Дјук-Предраг Дјукниќ.Од македонските дизајнери на саемот ќе можете да ги видите, пробате и посоветувате со Антонија Ристовска, Пепика Атеље, Нена Конели, Биљана Каран, Кадора, Арта Љатифи, Моника Коцарева, Матилда, Дивјан Дрес, Сињори, Тивес, Диас и др. На саемот ќе можете да одберете и професионален фотограф, торта, декорација, ресторан, бурми и накит, покани, машки и женски рачно изработени кондури па дури да и свадбен подарок. Причина повеќе да бидете дел од оваа манифестација е и можноста да добиете картичка за попуст од изложувачите кој секако, доколку го искористите, може во целосниот пакет на планирање да ви направи голема заштеда од предвидениот буџет за свадба.

Ако просекот на склучени бракови во една година во Македонија е околу 15 000, тоа значи дека околу 30 000 семејства ќе се подготвуваат за најубавиот ден, денот на свадбената веселба. Најмалку 300 000 гости ќе се веселат на Елено моме, на свадбените бонбони и фрлањето бидермаер на нечија свадба во текот на оваа година.Токму поради сите нив, односно идните снаи и зетовци, сватови и кумови, идните девери и деверуши и сите останати гости, го организираме 9-ти пат овој традиционален саем за венчавки. 

Интернет порталот Во Бело одговорно и креативно го подигнува нивото на културата за венчавките и со месечните 250 000 посети и е лидер во оваа област, при тоа создавајќи го трендот на организацијата на свадбениот ден. И како што свадба без невеста не може, така и саемот без изложувачите не може. Но, секако потребно ни е да имаме и добар домаќин и водител, а оваа година е Александра Илиевска од колинарското шоу Брза Кујна.

Александра Илиевска е во брак веќе три години, а со убава фотографиајa да потсетиме на нејзината свадба и да ве поканиме да сте дел од овој настан.

Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com. За подетални информации contact@vobelo.com.