Александра Пријовиќ го прослави својот 27-ми роденден со семејството: Пејачката ги покажа бабата, дедото и родителите

Пејачката Александра Пријовиќ го прослави својот 27-ми роденден во скромниот дом на своето семејство.

Александра дуваше свеќички во кругот на нејзините најблиски роднини: баба и дедо, мама и тато и синот Александар, а за оваа прилика имаше две торти.


На едната пишуваше „Среќен роденден“, додека другата беше украсена со нејзиното омилено пиво. На нејзината среќа ѝ немаше крај, а нејзината насмевка го докажа тоа.

– Моите најблиски – напиша таа на фотографиите.

Извор: www.telegraf.rs