Александра Шијакоска по операцијата на тумор на главата: Животот ми даде уште една шанса да живеам

Добивај вести на Viber

Александра се огласи од болница по операцијата на тумор на главата

Инфлуенсерката Александра Шијакоска која пред речиси еден месец во видео обраќање на Инстаграм рече дека ѝ е откриен тумор на главата, сега се огласи од болничката соба по операцијата.

Шијакоска рече дека операцијата поминала во најдобар ред, дека закрепнува и чека уште некои испитувања и резултати. Рече дека нема потреба од грижа, бидејќи најлошото е позади неа и се заблагодари на сите кои ѝ помогнале и се понудиле да ѝ помогнат, „никогаш нема да заборавам ни јас, ни Господ“, напиша таа.

„Тука сум осум дена, првите неколку не личев на себе. Лицето ми беше искривено, говорот сменет, беспомошна бев. Чекав малку да се опоравам за да ве известам. Дефинитивно најтешката животна лекција која не му ја посакувам на никој, да си свесен дека утре може нема да го дочекаш денот. Јас сум убедена дека се' се случува со причина. Мене животот ми даде уште една шанса да живеам и да се разбудам со се' функционално после операцијата. Ќе ја оправдам таа шанса. Не го земајте животот здраво за готово, во еден момент може да ви се смени цел тек на настаните“ - порача Александра од болничката соба.

Инаку на почетокот на месецот таа го прослави својот 29-ти роденден и уште еднаш ги растажи сите и вети дека кога ќе помине операцијата ќе раскаже сѐ во книга. 

„Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев“ - напиша тогаш таа.

Ме чека операција, ми најдоа тумор на главата: Инфлуенсерката Александра Шијаковска ги растажи обожавателите