Американски продуцент, претставник на Греми, дојде во Македонија само за Елена Ристеска
Американскиот музички продуцент, пејач, музичар, инженер за звук, член на Академијата за снимање Греми со седиште во Лос Анџелес и Њујорк, Артуо Галварезо, престојува извесно време во Македонија. Повод за неговата посета на земјава е пријателството и соработката со нашата ѕвезда Елена Ристевска. Заедно беа и на прославата на празникот на победата во американската амбасада. На настанот Ристеска ја отпеа македонската химна.
- Артуро ме забележал на мојот евровизиски настап во Атина, во 2006 година. Многу му се допаднал настапот и од тој момент посакал да работи со мене. Направил големи напори да стапиме во контакт. Се запознавме пред три и пол години и почнавме да снимаме песни во периодот кога бев во Америка. Корона пандемијата влијаеше врз нашите планови, но сега повторно работиме со полна пареа. Подготвуваме дует тема. По моја иницијатива беше дел од фестивалот во Херцег Нови, да не подучи со своето искуство во музичкиот бизнис. Присуствуваше и на прес конференции. Дадовме повеќе од 20 интервјуа – открива Елена.
Артуро професионалната музичка кариера ја започнал во 1994 година. Играл главни улоги на Бродвеј во повеќе претстави. Во 1999 година потпишал договор со Sony Music за издавање на 5 албуми, како ексклузивен изведувач.Во 2000 година го издал албумот „Serenata“, објавен и продуциран од Sony Music.Во 2003 година бил награден со златен тираж за албумот„Серената“, а добил и многу други радио и ТВ признанија во Латинска Америка. Во 2018 година има две номинации за најдобра песна на „Diosa de plata“ (латиноамерикански Оскар) за познатиот латиноамерикански филм „Cometa“ (достапен на Prime Amazon).
Од 2018 година до денес има правено мастериинг на песни и албуми на врвни изведувачи и продуценти, номинирани и добитници на Греми,
- Разгледуваме млади таленти од Балканот со кои би можело да аплицираме на Греми. Артуро смета дека на Балканот има потенцијал, многуталентирани артисти кои можат да постигнат светска кариера. Пример за тоа му се Дуа Липа и Рита Ора – вели Елена.
*С.А.Н