Ана Николиќ во топ форма: Мотивација за сите кои сакат да намалат од својата тежина

Ако ги споредиме фотографиите на Ана Николиќ од периодот минатата година во ова време и сега, би се рекло дека се работи за две лица.

По успешното слабеење, пејачката сега изгледа подобро од кога било. Не само што ја донесе својата тежина до совршенство, туку и го затегна своето телото благодарение на напорниот дневен тренинг.

Пејачката веќе неколку дена летува во Турција со својата ќерка Тара, каде максимално го искористува сонцето, плажата, морето и базенот. Кога и е здодевно, Ана чита книга или се фотографира за социјални мрежи, во бикини.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, Турците не се рамнодушни на Ана, а малкумина би можеле да бидат.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)



Пејачката ќе помине уште неколку дена на одмор, а потоа ќе им се врати на деловните обврски и ќе сними спот за новата песна „Ана не би била Ана“. Имајќи предвид дека последен пат настапи во јуни минатата година, а претходно не работеше скоро пет години, летово ќе биде многу зафатено за пејачката.


Фото: Инстаграм/Ана Николиќ