Андреа е без задна намера и делува имплусивно, не ја подучиле како треба: Анализа на Елена Антоновска, професионален коуч на ИЦФ и тренер

Добивај вести на Viber

Потегот на нашата евровизска претставничка Андреа Коевска, која го фрли македонското знаме на под, предизвика лавина реакции во јавноста. Андреа јавно се извини и опиша која била причината за таквото однесување. Но, навредите, бесот, револтот, продолжуваат да се нижат на социјалните мрежи.

Елена Антоновска, професионален коуч на ИЦФ и тренер по прегледот на снимката од тој настан, вели дека Андреа е понесена од атмосферата и не размислува. 

-На снимката нема крупен кадар за да се види каде го фрлила македонското знаме и на кого . Мислам дека девојката е искрена и без задна намера. Можеби е неискусна. И делува имплусивно. Но, секако не е навредливо. Тоа значи дека не ја подучиле и упатиле како треба. Се гледа дека е понесена од атмосферата и не размислува. Што да се каже...- вели Антоновска

Елена Антоновска е професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida – Coaching & Training Таа е Фасилитатор на програмата The Art & Science of Coaching на Erickson Coaching International и Eксперт Тренер на Cirrus Connect LTD. Член на ICF - Интернационалната коучинг федерација и IAF – Интернационалната Асоцијација на Фасилитатори. Листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга. Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и независна работа на полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво.

С.А.Н