Во овие 40, си ја дадов душата за луѓето кои ги сакам, но последниве години учев да се сакам себе: Актерката Маја Андоновска Илијевски за јубилејниот роденден

Добивај вести на Viber

Актерката Маја Андоновска Илијевски и актуелна диркеторка на Културниот Центар во Битола, прослави 40 –ти роденден.

Како што вели на 30 –тиот роденден павела свадбена фотосесија во Битолскиот Народен Театар, а 40-тиот го дочекала во Нови Сад, по претставата „Бакхи“ во Српското Народно позориште.

„Со изненадување, насмевка, тортичка со неколку свеќи, после успешно изиграна претстава, и само една желба додека ги дував свеќите! - И следните 40, да ги славам во добро здравје, опкружена со најсаканите(мал круг на избрани луѓе), во радост,но и на сцена, исправена и горда на се што сум и на се што не сум станала. И следните 40 да бидам присутна во мигот, да патувам, да се радувам и понатаму на мали нешта, да љубам, да ме љубат, да слушам, да не судам, да сум верна на себе си, да сум правична, своја, да сум пример, пријател, да инспирирам, и да останам една и единствена! - Во овие 40, си ја дадов душата за луѓето кои ги сакам, но последниве години учев да се сакам себе!“, напиша Маја инаку сестра на познатиот пејач Димитар Андоновски, за роденднот.

Следните 40, Маја планира да ги живее подалеку од лоши луѓе, токсични средини, ситни разговори...наместо тоа одбира живот со илјадници нијанси на радост, тага, страст, темперамент, лудост, темелност, верност, инает, љубов, ширина, непосредност, посветеност, упорност, тврдоглавост,другарство-илјадници нијанси на еден бик со подзнак вага, на еден уметник, на една жена, мајка.

Фото: Инстаграм