Андреас Елснер заминува одпозицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком

Добивај вести на Viber

Андреас Елснер, Главниот извршен директор и член на Одборот на директори наМакедонски Телеком заминува од компанијата од1 јули 2018 година.

На позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком беше назначен во мај 2017 година и под негово водство компанијата бележи позитивен пресврт во работењетопреку најдобрата мрежа, иновативното портфолио на производи и најдоброто корисничко искуство. Тој заминува од компанијата со успешни резултати во првото тромесечје од 2018 година, со раст од 2,6% во однос на минатата година и водечкипозициониран бренд. 

Информација за неговите идни професионални предизвици ќе следи наскоро.

Г-динЕлснер дојде во Македонија во 2014 година како одговорен на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а набрзо потоа, во 2015 година станува Главен оперативен директор за приватни корисници со клучна улога во развојот и спроведувањето на стратегијата за конвергентни решенија и услуги, којашто беше вистински предизвик на пазарот. Денес, секое десетто семејство во Македонија ги користи предностите на Magenta 1, пакет конвергентни услуги од Македонски Телеком.Една од неговите цврсти определби е компанијата да го предводи патот на дигитализацијата на македонското општество, преку конкретни проекти како што е создавањето на првиот Инкубатор за дигитални таленти. Посветено работеше на создавање „паметни“ решенија за подобри еколошки услови во градовите.

Стратешките проекти, предводени од Андреас Елснер ќе овозможат долгорочна одржливост во работењето на компанијата. Како резултат на овие достигнувања, Македонски Телеком ќе може да се справи со идните предизвици, да го предводи патот на дигитализацијата на општеството и да ја задржи позицијатана најдобар оператор на конвергентни услуги.