Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Добивај вести на Viber

Демократијата е систем на владеење, кој го обезбедува најмоќното право за секој граѓанин да има право на глас, промовирајќи еднаквост. Правото на глас, освен што е привилегија, истовремено е и обврска и одговорност која произлегува од нашата улога како активни членови на демократското општество.

Во држава во која секој има иста можност, со која може да влијае на одлуките кои ги засегаат сите во општеството, ниеден граѓанин не треба да има спомнеж за влијателноста на неговиот глас. Доколку во било кој момент, размислувате дека вашиот глас нема да направи промена, тогаш треба да си го поставите прашањто: - „Дали се откажав од креирањето на сопствената држава?“. Одговорот на тоа прашање ќе го добиете од вашите сопствени постапки и доколку не ја исполнувате вашата граѓанска должност, односно доколку не гласате, тогаш не инвестирате во сопствената иднина.

Да учествувате во креирањето на сопствената држава, значи да го користите вашето право на избор, со што ќе ја изразите вашата индивидуална волја и ќе ги одбраните вашите ставови, идеи и одлуки. Вашиот глас директно влијае во формирањето на политичките одлуки кои подоцна го диктираат заедничкото секојдневие. Затоа е потребно да ја искористите вашата граѓанска моќ и да ги издиктирате вашите потреби. Гласајте, за да бидете промената која секој ја посакува.

Твојот глас е важен за заедничка подобра иднина. Со твојот глас, креираш држава во која владее мир и хармонија, каде што секој ги почитува меѓусебните разлики, креираш подобар образовен и здравствен систем, креираш стабилна економска држава која го поттикнува претприемништвото и обезбедува финансиска стабилност. Доколку не гласаш, нема да учествуваш во креирањето на најважните сегменти од живеењето и затоа, доколку не гласаш „Не е до нив, до тебе “.

Искористи го твојот глас и креирај го патоказот за патот кон успехот, покажи дека не е до нив, до тебе е. Гласај!

Искористи го твојот глас и креирај простор кој ќе ти овозможи да ги реализираш твоите идеи и соништа, бидејќи не е до нив, до тебе е. Гласај!

Искористи го твојот глас и креирај здрави навики за идните генерации, научи ги дека не е до нив, до тебе е. Гласај!

Не се откажувај од креирањето на сопствената држава и гласај, затоа што „Не е до нив, до тебе е!“

ПР објава