Ангелу мој, нема да ги паметиш солзите на мајка си: Гога Секулиќ со емотивно писмо за синот

Добивај вести на Viber

Пејачката Гога Секулиќ, пред година, на партнерот Урош Домановиќ, му го подари синот Василиј Андреја.  Пред да го донесе на свет синот, Гога беше позната по сосема различен начин на живот од оној сега.

По повод роденденот на малиот, Гога на социјалните мрежи напиша емотивна порака.

- Драг наш сине, те гледам како денеска безгрижно спиеш покрај мене и твојот татко, а низ главата ми поминуваат илјада прашања. Што ли сонуваш? Веќе помина, ангелу драг, 12 месеци откако влезе во нашиот живот и ни го промени засекогаш. Откако се роди, ни го разубавуваш секој ден. Животот доби некоја нова смисла. Денеска не е само твојот роденден...денеска е најубавиот ден во годината, денот кога нашите животи станаа поубави и подобри. Денот кога дознавме што е вистинска серќа.Ти, сине, нема да паметиш кога те носев девет месеци во стомакот, ни кога легнав на столицата за породување, додека твојот татко цврсто ме држеше за раката и ми велеше „се ќе биде во ред“. Нема да ги паметиш солзите на твојата мајка кога бев над тебе и се грижев! Не е тоа ни важно, твојата мајка ќе биде секогаш тука за тебе, да те чува, да се радува на секој твој нов збор, успех, растење! Биди ни среќен, ангелу наш, нека ти е убав овој ден- напиша пејачката под фотографијата со синот.

View this post on Instagram

Dragi nas sine, Gledam te kako danas bezbrizno spavas pored mene i tvog tate, a kroz glavu mi prolaze hiljadu pitanja. Sta li sanjas? Vec je proslo andjele dragi 12 meseci od kako si usao u nas zivot i promenio ga zauvek. Od kako si se rodio ulepsavas nam svaki dan. Zivot je dobio neki novi smisao. Danas nije samo tvoj rođendan… Danas je najlepši dan u godini, dan kada su naši životi postali lepši i bolji. Dan kada smo spoznali šta je prava sreća. Ti sine nećeś pamtiti kada sam te nosila devet meseci u stomaku, ni kada sam legla na sto za porodjaj dok me je tvoj otac cvrsto drzao za ruku i govorio bice sve ok... Neces pamtiti suze tvoje majke kada sam bdila nad tobom i brinula! Nije to ni vazno, jer znaj sine tvoja majka ce uvek biti tu uz tebe, da te cuva, raduje se svakoj tvojoj novoj reci, uspehu, odrastanju. Srecan nam bio sine nas, neka ti je divan danasnji dan! SRECAN RODJENDANVole te mama i tata! @urosbjj

A post shared by Goga Sekulic (@sekulicgoga) on


Роденденот на Василиј Андреја го прославија во интимна атмосфера во Цирих, заедно со најблиските членови на фамилијата.