Арапките и во 50-те имаат лице како на 20 години: Тајната е во серумот што сами го прават (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber


Жените кои доаѓаат од Саудиска Арабија се познати по совршената нега на лицето, во која вложуваат многу.

Негата на лицето е секогаш неисцрпен извор на теми, особено кога станува збор за жените, а потрагата по препарати кои ќе донесат „вечна младост“ не престанува – иако до таква мера е невозможно.

Бројни истражувања покажаа дека Арапските жени имаат најсовршена кожа, а наводно тоа што им помага е серумот чиј рецепт се пренесува од генерација на генерација.

Една од попознатите арапски жени кога станува збор за нега на кожата, која ја следат стотици илјади луѓе е Езги Аслан, често со своите следбеници споделува совети и рецепти за препарати кои ја прават кожата на лицето толку совршена.

Познато е дека жените од овој дел на светот изгледаат младешки и на 50 години, а наводно тајната е во серумот што го користат со генерации. Првата од двете мистериозни состојки е маслото од смола од темјан, кое има ефект на затегнување на кожата и ги намалува порите, а Арапските жени го нарекуваат „фонтана на младоста“.

Втората состојка е рицинусово масло и овие две во тандем делуваат магично. Треба да додадете 10 до 15 капки масло од смола од темјан на една лажица рицинусово масло. Единствениот проблем е што е многу тешко да се најде масло од смола од темјан, а исто така е важно да се знае дека тоа не е есенцијално масло.

Фото:Фрипик