Астролозите велат не им се пишува добро: Овие парови едноставно не се создадени еден за друг
Тие се парови кои најверојатно никогаш нема да успеат. Поточно на долг рок е невозможно да опстанат-некои поради премногу сличност, а некои поради дијаметрално спротивни ставови.
Лав и Рак
Врската на овој динамичен пар никогаш добро не завршува. Додека Раковите си се радуваат на длабоката, спиритуална и отворена врска со својот партнер, несигурноста на Лавот донесува немир во нивната идеја на љубовна идила.
Јарец и Водолија
Двата знаци се многу тврдоглави и упорни и тоа е една од главните причини зошто се привлекуваат, но истовремено тоа е и главен камен на сопнување во нивната врска. Додека Јарецот функционира онака како што се чувствува, Водолијата е практична.
Девица и Близнаци
Во животот можете да се водите од практичноста и реалноста или соништата, а тие два начини на живот не можат да најдат допирни точки, исто како и врската на Девицата и Близнаците. Поради тоа нивната врска не може да опстане.
Вага и Бик
Овој пар е како огледало-цврсто поврзани, телепатски комуницираат, што на почеток е интересно. Со тек на време нивната врска станува гушење и двајцата се чувствуваат како повеќе да не се индивидуи и поради тоа врската често пука.
Скорпија и Риби
Ова е ужасна комбинација. Двата знаци е многу емотивни, а истовремено сомнителни еден кон друг.ФОто:Фрипик