Нетипична силна боја за аристокртијата, совршена за неа: Барби издание на кралицата Максима (ФОТО)

Во средата, на 27 април, холандското кралско семејство со свечена прослава во градот Мастрихт го одбележа 55-тиот роденден на кралот Вилем Александар, но низ целата земја беа организирани и голем број други прослави и настани. Холандија традиционално го слави Денот на кралот (Koningsdag) секоја година на роденденот на владетелот, а овој ден за повеќето е неработен и се слави на различни начини, вклучувајќи распродажба или носење портокалова боја.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Máxima (@queen.maxima)



Кралското семејство пристигна во Мастрихт со полна сила, па кралот Вилијам и кралицата Максима беа придружувани од нивните три ќерки - принцезите Амелија (18), Алексија (16) и Аријана (15).



Како и обично, Максима го привлече вниманието, со што уште еднаш докажа дека е страствен вљубеник во силните бои и дека во нејзината гардероба нема место за досадни бои.



Таа блесна во елегантен, силно-розев фустан до колена, кој е тешко да не се забележи во толпата, а го надополни со беж капут кој наликува на наметка и салонки и писмо чанта во боја на песок.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Máxima (@queen.maxima)



Секако, холандската кралица обожава впечатливи аксесоари, па така и овој пат изданието го надополни со ефектни обетки и прекрасна шапка во пудра боја со широк обод, што придонесе за гламурозниот впечаток.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Máxima (@queen.maxima)



Прекрасно и елегантно беа облечени и ќерките на Максима, а најмногу ни се допадна изданието на 16-годишната Алексија која изгледаше многу модерно во зелен костум кој го скрши со розова чанта.

Холандската престолонаследничка Амелија исто така избрала костим, иако помалку впечатливо - нејзиниот беше бел од лен и со пруги во боја на кафе, а се дополнила со чевлите во боја на кожа и зелена чантичка. Најмладата Арија избра слатка, тегет фустан од трикотажа со златни копчиња.


Фото: Инстаграм официјален профил кралица Максима