(ВИДЕО) БЕБЕТО И ХАНА МЕ МОТИВИРАА КОГА СНИМАВ: Тамара со нова песна по три години
„Довидување таго“ е новата песна на Тамара Тодевска , која денеска ја промовираше по три година пауза. Песната е емотивна посвета за нејзиното семејство, ќерката Хана и сопругот Александар Димитровски-Мачка.
„ Песната ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години а најавува и нова“.- Тамара на снимањето на спотот
Спотот е снимен на една грчка плажа, а Тамара, која е бремена со второ дете, ни изјави дека со задоволство работела на него.
„ Ништо не ми беше ниту тешко, ниту напорно. Бебето кое треба да се роди и ќерката ми се дополнителна мотивација“, ни изјави пејачката.
Автори на песната се проверниот тим на Тамара, текстот е на Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот на Роберт Билбилов. Режсер на спотот е Чедо Поповски.
„ Џамбаз ме познава како дишам. Билбилов исто така. И оваа песна како и многу претходни е буквално приказна од мојот живот. Раѓањето на Хана ме промени комплетно. Ми донесе една сосема нова енергија и во домот и во секојдневието. Игор знае како тоа да го раскаже со зборови затоа што ја гледа позитивната промена во мене. Среќна сум и исполнета а таква е и песната. Многу ми е драга затоа што ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години а најавува и нова. Видеото со Чедо го снимивме на една прекрасна плажа во Грција во петтиот месец од мојата втора бременост“ ,вели Тамара која на крајот на година очекува син. За реализацијата на овoj спот и песна, Тамара ја обнови соработката со „Пелистерка“. (М.Џ.)