Бебиња со бронхиолити, тинејџери со пневмонии хоспитализирани во Козле: Зголемен бројот на инфекции со ковид кај децата-прим. д-р Стојановска
Во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, како единствена јавна здравствена установа во Македонија во која се лекуваат деца позитивни на корона вирусот, односно во која се сместени дечињата со компликации поради ковид, во моментов има 25 пациенти од 0 месеци до тинејџерска возраст, со нивните мајки, кои исто така се позитивни на вирусот. Во разговор за Фактор, примарус д-р Лидија Стојановска, шеф на пулмолошкото одделение Д1 во Институтот вели дека сосема е погрешно мислењето дека корона вирусот „ги заобикулува“ децата, напротив, сега има многу повеќе разболени деца отколку во изминатите бранови на ковид-19.
-Има поголем наплив на млади пациенти, пред се заради тоа што поголем дел од возрасната популација е вакцинирана, како и поради фактот што голем број од возрасните во изминатиот период ја прележаа болеста за разлика од децата. Вирусот кај децата сега има поголем простор да се шири. Но, за жал можам да констатирам дека пикот се уште не сме го достигнале, и тоа не само Македонија, туку и голем број други земји, па во наредниот период откако ќе помине напливот на болни деца, вирусот повторно ќе биде критичен за повозрасните и за оние со хронични заболувања. Тие ќе имаат потешки клинички слики, што навистина нас како лекари посебно не загрижува, потенцира прим. д-р Стојановска.
Детали читајте на ФАКТОР ТУКА.