БЕГАЛЦИТЕ НЕМА ДА ПРИДОНЕСАТ ЗА НОВО РАЗГОРУВАЊЕ НА КОВИД: Епидемиолошката состојба во Европа се смирува, но ќе има други проблеми, проф. Пановски

Бројот на бегалци од Украина се поголем. Се проценува дека само за четири дена, од почетокот на војната, земјата ја напуштиле повеќе од половина милион луѓе. Во услови кога пандемијата на корона вирусот не е завршена, многумина стравуваат и од можно пролонгирање на крајот на Ковид-19, токму поради масовното движење на стотици илјади луѓе од една земја во друга. Сепак, според професорот Никола Пановски, со кого разговаравме, епидемиолошката состојба во моментов се смирува насекаде и не постои силен ризик од повторно разгорување на вирусот на подрачјето на Европа, ниту пак постои опасност од нова мутација на Ковид-19.

-По Кина, европскиот континет беше втор епицентар на пандемијата на корона вирусот, но тоа беше точно пред две години. Иако официјално не е ставен крај на Ковид-19, епидемиолошката состојба е далеку поинаква од тоа што го имавме. Генерално нема ризик за нови жаришта во Европа иако во моментов маса луѓе бегаат од завојуваните подрачја. Не верувам дека во Полска, каде што во моментов најмногу бараат засолниште, ќе има повторно шанса да се разгоре вирусот. Тоа нема да се случи ниту во Украина, каде што во моментов никој не ни размислува за антиковид мерки, што е сосема нормално во ситуација кога им се случува нешто многу пострашно, односно војна. 

Детали на ФАКТОР ТУКА.