Бела кошула, лакирани чевли и чанта по која полудеа жените во светот: Јелена Розга воодушеви со комбинацијата

Добивај вести на Viber

Јелена Розга ја воодушеви јавноста со својот најнов стајлинг.

Во Загреб се одржа промоцијата на новиот студиски албум на Саша Матиќ. Албумот „Два живота“ е десетти по ред во 20-годишната кариера на српскиоит популарен пејач, а првиот сингл од албумот беше дует со Јелена Розга.

Песната „Јас и ти“ беше објавена кон средината на декември минатата година и за кратко време стана голем регионален хит. Јелена Розга го поддржа својот колега и пријател доаѓајќи на промоцијата што се одржа во хотелот „Еспланаде“ во Загреб.



Убавата пејачка изгледаше фантастично во комбинација од црни панталони со висок струк и ефективна асиметрична бела кошула. Овие две парчиња ги надополнила со лакирани салонки со метален горен дел, а целото издание го заокружила со чанта по која лудуваат сите трендсетерки.


Јелена Розга докажа колку е лесно да се игра со комбинација на облека со помош на само еден впечатлив детаљ – белата кошула која секој од нас ја има во својот гардеробер.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Rozga-FAN PAGE (@jelenarozga_star)



Како ви се допаѓа стајлингот на убавата пејачка?

Фото: Инстаграм