Бенигно зголемување на простата - има ли природни решенија?!

Добивај вести на Viber

Бенигно зголемување на простата или бенигна хиперплазија на простата (БХП) претставува зголемување на простатата кое се јавува кај повозрасни мажи, а е предизвикано од абнормален раст на нормални (неканцерогени) клетки. Иако е бенигна состојба, зголемената простата врши притисок на уретрата и го отежнува поминувањето на урината, што на долг рок може да го оштети мочниот меур и бубрезите. Се јавува кај 8 проценти од мажите на возраст од 31-40 години. Овој процент се зголемува за 40 до 50 проценти кај мажите на возраст од 51-60 години и над 80 проценти кај мажите постари од 80 години. Симптомите кој се појавуваат при ова заболување може да бидат : често уринирање и потешкотии во иницирање на мокрење, слаб млаз на урина, уринарна ретенција (задршка на урина) или уринарна инконтиненција. Ако навремено не се третира ова заболување може да предизвика низа компликации кој опфаќаат: инфекции на уринарниот тракт, камењa во мочниот меур и хронични проблеми со бубрезите. Причините за појава на БХП не е позната, постојат повеќе ризични фактори кој вкучуваат гојазност, дијабет тип 2, недоволна физичка активност. Основниот механизам вклучува притискање на уретрата од страна на простатата со што се отежнува протокот на урина од мочниот меур. Лекувањето на БХП може да биде медикаментозно и оперативно. Само 10 насто од пациентите го задоволуваат критериумот за операција, па повеќето се лекуваат со неинвазивна терапија.Кај пациентите кај кој болеста не е во напредна фаза и не го задоволуваат критериумот за операција се препорачува терапија која традиционално опфаќа користење на лекови како што се алфа блокатори  и  5 алфа – редуктаза инхибитори. 

Покрај овие лекови, кај пациентите во рана фаза се препорачува земање на лекови од природно потекло и кој успешно се докажани во третирање на зголемување на простата. Ваквите препарати во својот состав треба да содржат растенија како што се: сабална (назабена) палма,корен од коприва, семки од тиква итн. Овие препарати дејствуваат антиандрогено, антиестрогено и анти- воспалително и успешно помагаат во третман на БХП од прв и втор степен, каде што ја намалуваат потребата од ноќното мокрење и стимулираат проток на урината. Постојат студии кој покажуваат дека континуирана употреба на сабал палма дава намалување на ткивото на простатата. Коренот од коприва е едно од најчестите растенија кои се користат при третман на уринарни проблеми уште од дамнешно време. Користење на природен препарат кој го содржи ова растение помага при воспаленија на простатата и мочниот меур, како и при тешко и болно мокрење заради БХП од прв и втор степен. Клиничките студии покажуваат дека дава значителен ефект за намалување на фреквенцијата на ноќно мокрење, а  придонесува и за намалување на количините на заостаната урина во мочниот меур. За заштита на уринарниот и репродуктивниот тракт корисно е и редовно внесување на моќните природни антиоксиданти ликопен, селен и цинк. Препарат кој е комбинација од овие компоненти може значително да придонесе за подобрување и надминување на зголемување на простата како и превенција од разни заболувања на простатата, па затоа кај пациенти кои се над  50 години се препорачува и превентивно земање на вакви препарати. Доколку самостојно природниот препарат не успее да помогне во подобрување на симптомите, во консултација со специјалист може да се продолжи третманот со комбинација од природен препарат и фармаколошка терапија.

М-р фарм Лири Шеху


*пр објава