„Беше болно и тешко, со месеци се чувствував изгубено: Ана Ивановиќ си ја отвори душата за состојбата за која ретко зборува
Ана Ивановиќ во 2008 година беше најдобрата тенисерка во светот, во историјата на српскиот спорт го издлаби своето име со златни букви. Ниту една девојка која го напушти Белград за да ги оствари своите професионални спортски соништа, за толку кратко време не стана ценето и сакано суштество каде и да се појави, а Ана покрај бројните трофеи стекна и светска слава.
Меѓутоа, во декември 2016 година сфатила дека повеќе не може да се натпреварува на највисоко ниво и дека е подобро да се пензионира на 29 години и да се посвети на новите деловни предизвици. Колку и било тешко да го пресече и „закачи рекетот на колче“, раскажала во една емисија.
Ана Ивановиќ многу ретко дава интервјуа. Самата таа признава дека е срамежлива и интровертна, но и дека сака да ја заштити својата и приватноста на своето семејство. И тоа е она што го прави сите овие години. Неодамна таа зборуваше и за порталот „Жена.рс“ и со голема самодоверба го отвори срцето за нејзината тениска кариера, моментите на теренот за кои размислува и денес, но и за семејниот живот со Бастијан Швајнштајгер и нивните момчиња, а откри и на која јазик комуницираат Ана, Басти и синовите. Ана реши да проговори и за уште некои интересни работи кои ги интересираат многу фанови, а пред се за збогувањето со професионалната кариера кон крајот на декември 2016 година.
„Ретко зборувам за ова. Особено откако ја завршив кариерата и започнав поинаков и нов живот. Тоа не беше одлука што се случи преку ноќ. Имаше многу ситуации кои се споија и кога чувствував дека повеќе не сум физички на тоа ниво. Многу зборував за тоа со моето семејство и со Басти. Но постои момент кога секој човек знае во себе кога е дојден моментот за такво нешто. Чувствував дека тоа е моментот за мене. Одлуката беше само моја, и таа мораше да биде самo моја. Не сакав некој друг да донесе одлука во мое име, а потоа да страдам и да се каам дали сум направилa нешто или не. Тоа беше болно и тешко. Нешто што беше мојот живот беше при крај. По таа објава официјално не постои следниот ден. Иако го знаев toa неколку недели претходно, но од тој ден официјално веќе не постои. Јас не сум човек кој би рекол како ја заврши кариерата, а потоа ќе се врати на теренот две-три години подоцна. Знаев дека кога ќе завршам тоа е тоа“, вели таа .
Според неа, чувствувала и еден вид восхит бидејќи тоа бил нов пат и нова можност.
„Иако, во првите неколку месеци, морам да признаам, по завршувањето на кариерата се чувствувате малку изгубено. Тоа е голем набој, стрес, тренинг. И потоа сето тоа исчезнува. Стресот останува и не знаете што ќе се случи утре. Не сум човек што можам да седам дома и да не правам ништо. Сакам да работам и да имам проекти. Го најдов својот пат и сега сум многу среќна каде што сум“, изјави Ана Ивановиќ.
Таа потсети дека за крајот на кариерата ја информирала јавноста преку Фејсбук.
„На Фејсбук во живо објавив дека ја завршувам кариерата. Не планирав да играм на други турнири. Во тој момент бев во Англија и немав можност да свикам прес-конференција, ниту знаев каде можев да го направам тоа. Мило ми беше што немаше многу врева околу тоа“, изјави Ана Ивановиќ.
За потсетување, Ана Ивановиќ е во среќен брак со поранешниот германски фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер. Тие се венчаа во јули 2016 година, а двојката има три деца - Лука, Леон и најмладиот син, кој се роди во мај оваа година, но чие име сѐ уште не го откриваат.