Беше невидена убавица, а денес „копа“ во контејнер: Остана без заби и се тушира еднаш годишно - вртоглав пад на манекенката

Поранешната манекенка Лони Вилсон, која стана бездомник, често предизвикува интерес во јавноста откако нејзините фотографии ќе се појават во медиумите. За жал, од русокосата убавица по која воздивнуваше светот, Лони Вилисон стана непрепознатлива бездомничка која преживува на улиците на Лос Анџелес. Лони од милионер падна на питачки стап, а со години е наркоманка.

Американските папараци неодамна ја уловија поранешната убавица како повторно „копа“ во ѓубре. Откако минатата година дел од фотографиите стигнаа во јавноста, неколку нејзини поранешни пријатели покренаа акција за да ја тргнат од улица, но не успеаја во тоа. Лони наводно само се истуширала и јадела во хотелот и се вратила да проси по улиците на Лос Анџелес.

Таа на новинарите им кажа дека повеќе нема телефон, но дека има доволно храна и место за спиење. Поранешната манекенка претходно откри дека една година не се туширала бидејќи така била сигурна дека никој нема да ја силува на улица.


Навистина е тажно да се види што се случи со убавицата која ги красеше насловните страници, а таа не е виновна за тоа.

Лони беше сопруга на ѕвездата од „Чувари на плажа“ Џереми Џексон.

Имено, траумата поради врската со Џексон, кој инаку е зависник, кој почнал да се дрогира за време на снимањето на „Чувари на плажа“, никогаш не ја лекувала кај психијатар, туку таа им се препуштила на пороците.

Додека биле во врска Џереми ја тепал Лони, поради што неколку пати била повикана полиција во нивниот дом. Едно време и ги скршил ребрата, и го повредил вратот и ја гребел по лицето и телото.

Меѓутоа, таа многу се плашела од него што одбила да го пријави во полиција, но соседите веќе морале да го направат тоа. Меѓутоа, кога се разделиле, таа рече дека и биле потребни два месеци да се опорави од врската.


„Морав да се откажам, не можев повеќе да се занимавам со манекенство. Не излегував со пријателите", рекла Лони.

Таа остана без работа, немаше приходи. Го изгуби станот и повеќе не можеше да плаќа за автомобилот. Паднала во тешка депресија, заврши на улица и почна да се дрогира. Поранешната манекенка повеќе не се јавува на познаници и пријатели кои сакаат да и помогнат, а преживува само како зависник на улиците на Лос Анџелес.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

Видео: Youtube

„Брутално сум унакажана и крајно деформирана“: Мачна и болна исповед на некогаш најубавата суперманекенка