Бета Глукан – најмоќниот природен имуностимулатор

Добивај вести на Viber

Супстанциите кои преку нивниот механизам на дејствување го зајакнуваат имунитетот и со тоа ја зголемуваат отпорноста на организмот и неговата ефикасност во одбраната од туѓите штетни влијанија се нарекуваат имуномодулатори. Ако тие имаат позитивен ефект врз имунолошкиот систем, тоа се имуностимуланти, а доколку имаат ефект на потиснување, имуносупресиви. Бета глуканите се супстанции кои спаѓаат во првата група,односно преку нивниот механизам на дејство го зајакнуваат имунитетот, со што го прават нашиот организам спремен во борбата со вируси и бактерии и пред тие да дојдат во контакт со него. По својот состав тие се полисахариди чии молекули се поврзани со бета-гликозидни врски. Структурата на бета-глуканските молекули и видот на гликозидната врска во нив е од големо значење, затоа што предизвикува сосема друг биолошки и имунофармаколошки ефект. Голем број на студии кои се занимаваат со проучување на имуномодулаторни ефекти на  Бета-глуканите, засега потврдуваат дека најактивна форма е 1,3 / 1,6 бета глукан од квасец.

Кое е неговото дејство врз организмот? Тој работи на стимулација на формирање на  коскената срцевина, а со тоа се активира и производството  на леукоцити и тромбоцити одговорни за борба против  инфекции.

Ги активира макрофагите, леукоцитни клетки, чија главна задача е заштита од напади на туѓи клетки на нашето тело. Кога бета глуканот ќе се поврзе со рецепторот на макрофагите, макрофагите се активираат и стануваат дури 7 пати поефикасни во препознавање и уништување на причинителите на инфекција. Бета глуканот има способност да ја зголеми имунолошката активност за 50-120% веќе  во првите 72-96 часа после пероралното земање. Исто така, индиректно го зголемува ослободувањето и засилената активност на ензимите: лизозимот, еластаза, колагеназа и ослободувањето на цитокини. Сето ова  придонесува за побрз и посилен одговор на организмот на патогени што е докажано  со зголемена отпорност на организмот на инфекции, но и намалување на симптомите и побрзо закрепнување на постојните инфекции. Бета-глуканската активност започнува меѓу 24 до 72 часа по внесувањето, па има  смисла да се земаат бета-глукански производи и кога симптомите се веќе присутни, а не само превентивно. Бета глуканот и неговите имунолошки својства се особено добри против симптомите на настинка, грип и респираторни инфекции на горниот респираторен систем предизвикани од вируси. Испитувањата покажаа дека глуканите помагаат во ублажување на симптомите на овие болести и му  помагаат на организмот да се справи со вируси, па дури и бактерии отпорни на антибиотици. Бета-1,3 / 1,6-глукан се смета за еден од најбезбедните имуномодулатори, според студиите достапни до денес. Во 2008 година, FDA (американска администрација за храна и лекови) му додели на бета глукан од квасецот Saccharomyces cerevisiae GRAS статус (статус на храна и лекови што значи дека тие се безбедни за примена). Бета-глуканот е многу безбеден за употреба, но при изборот на бета-глукан, важно е да се има предвид дека станува збор за висококвалитетна суровина, затоа што одредени состојки кои можат да бидат присутни во ѕидот на клетките од квасец може да интерферираат во апсорпцијата на бета-глуканот. Имено, прочистувањето подразбира отстранување на манопротеини и липиди од ѕидот на клетките од квасец за време на производниот процес, и е еден од императивите за да се постигне зголемена биорасположивост. Минималните препорачани дози со одредена очекувана ефикасност се 250-500 мг бета-глукан.

М-р фарм. Соња Пецевска

* ПР - објава

фото: freepik.com