Бев чистачка и сонував за овој момент: Оливија Колман се расплака на оскарите

Добивај вести на Viber

Оливија Колман (45) е една од ѕвездите кои блеснаа на синоќешното 91-во доделување на оскарите. Британската актерка успеа да ги победи фаворитките Лејди Гага и Глен Клоуз во категоријата „најдобра главна актерка“ за одличната улога во филмот The Favourite.  

- Ова е пресмешно. Јас добив оскар. Сите девојчиња кои го гледаат ова и го вежбаат својот победнички говор нека знаат дека ова е возможно. Сѐ е возможно. Бев чистачка и сонував за овој момент - емотивно раскажа Колман.