„Бев на детоксикација 5 дена - дури сега ми е јасно зошто сите се луди по ова“

Добивај вести на Viber

Искрено, не го очекував ова...

Со месеци слушам за кратки програми за детоксикација чија задача е „оживување“ на телото. Искрено не верував, ама после празниците, прославите и пар родендени ми требаше детоксикација.

Не ни помислував дека ќе можам да ги издржам сите пет дена колку што трае оваа детоксикација, а да бидам и искрена немав ниту големи очекувања.

Детоксикацијата што ја избрав траеше пет дена. Првиот и петтиот ден е дозволено да се јаде само овошје, додека вториот, третиот и четвртиот ден се пијат цедени сокови. Дневно треба да се пијат пет сокови од 330 милилитри. Сите пет дена се препорачува да се пие што повеќе вода, а дозволени се и билни чаеви.

Соковите се мешавина од различно овошје и зеленчук, а се препорачува да се пијат по неколку голтки на секои 15 до 20 минути.

Првиот ден

Првиот ден беше можеби мојот најлош. Јадев две банани, малку киви, еден портокал, неколку залаци ананас и две шолји чај од нане. Ме болеше глава од средината на денот до вечерта и ми требаше храна. Пиев од два до три литри вода секој ден.

Втор ден

Утрото го започнав со сок од јаболко, целер, краставица, ѓумбир и портокал. Цело време пиев сокови, пиев и вода. Во исто време како и претходниот ден, главата почна да ме боли, но забележав дека кожата на лицето не е толку мрсна. Инаку имам екстремно мрсна кожа. Немав потреба од храна, ниту за слатки. Бев попоспана од претходниот ден.

Следниот сок што го испив беше комбинација од јаболко, морков, краставица, цвекло, ѓумбир, кељ и портокал. Третиот сок беше јаболко, портокал, боровинка, лимон и ѓумбир. Следно – јаболко, ананас, портокал, киви, лимета и лимон. А последното што го испив тој ден беше од краставица, јаболко, зелена салата, целер, спанаќ, брокула, зелка и лимон.

Редоследот на соковите не е важен, важно е само да се испијат пет во текот на денот. Ниту еден од соковите немаше непријатен мирис или вкус - не беа ниту кисели, ниту благи.

Трет ден

Третиот ден забележав дека кожата на лицето не ми е ни малку мрсна, дури ни во Т - зоната. Не бев гладна, не ме болеше главата и забележав дека не сум подуена како претходните денови. Меѓутоа, тој ден не можев да го испијам мојот петти сок. Четири ми беа сосема доволни. Имав доволно енергија и не се чувствував исцрпено или уморно.

Четврти ден

Повеќе не бев подуена, а тоа се покажа на моето лице. Ги испив сите пет сокови овој ден, со тоа што направив и шолја чај од нане. Имав доволно енергија, не бев гладна, ниту имав потреба да грицкам, но малку ми се слоши од тешките сокови.

Петти ден

Бидејќи ми остана еден сок од вечерта, утрото го започнав со него. Подоцна изедов половина банана, не можев да ја изедам цела, испив чај. После работа изедов уште една банана, 100 грама боровинки и пола калинка. Сè уште не бев гладна, се чувствував сита и имав доволно енергија.

Што забележав после пет дена детоксикација

Како што минуваа деновите, секој беше полесен од претходниот. Покрај тоа што не чувствував надуеност, каква што имав деновите пред детоксикацијата, кожата на лицето ми беше исчистена и не беше мрсна. Мислев дека постојано ќе бидам гладна, но тоа не се случи. Ниту еднаш не сум имала желба за храна, дури и кога сум била во друштво на луѓе кои се хранеле нормално.

Ослабев три килограми за пет дена

Шестиот ден требаше да јадам нормално, но не можев. Го прескокнав појадокот и наместо кафе, кое не можев да го пијам, направив чај (ретко пијам чај, но овој пат ми се допадна).

Шестиот и седмиот ден немав желба за храна, јадев повеќе од потреба отколку поради глад. Оброците ми беа многу помали, но забележав дека често пијам вода, додека алкохолот воопшто не ми одговара.

Во моментот кога го пишувам овој текст поминаа три дена од детоксикацијата, а сѐ уште немам преголема желба за храна, имам три оброци во текот на денот, но јадам многу помалку во количина.

Кожата на лицето ми е видно поубава од пред детоксикацијата, а после цел ден поминат со шминка, само Т зоната е малку мрсна.

Сè на сè, иако овој пат уживав во мојата прва детоксикација, не би се осмелила често да ја повторувам без да се консултирам со лекар или нутриционист. Знам дека секоја радикална „диета“ од ваков тип, дури и да има функција на чистење на организмот, не е здрава. Можеби ќе се осмелам за неколку месеци, можеби никогаш. Барем сега од прва рака знам што мислат кога зборуваат за „детоксикација“.



Извор: zadovoljna.nova.rs

ФОТО: Илустрација/фрипик