„Бев на работ на самоубиство“: Оваа девојка на 24 години ги загуби двете нозе, а денес сите ѝ се восхитуваат

Имала многу тешки и мрачни моменти, мислела дека нема спас, а потоа ја кренала главата и решила да се бори

Манекенката Лорен Васер ја мачат проблеми уште од самото раѓање. Таа дојде на светот со итен царски рез, а ја одгледа самохрана мајка. Кога имала само две години за малку ќе се удавела, а како мала често патувала и се селила бидејќи нејзините родители работеле како модели. Со мајка си најчесто била на турнеја низ Америка, а често присуствувала и на нејзините снимања.

Почнала да се занимава со манекенство на многу млада возраст - згора на тоа, додека била уште бебе, се појавила во магазинот Vogue Italia.


- Како дете на два модели - Памела Кук и Роберт Васербургер, кои пораснаа во Калифорнија во раните 90-ти, мојот свет до тој момент беше дефиниран од ретката убавина. Бев опкружена со лицата од тоа време: Стефани Сејмур, Синди Крафорд, Наоми Кембел - изјави Лорен во интервју за Вог.

Истакнува дека дури сега сфаќа колку необично и било воспитувањето и било невозможно да не се заљуби во светот на манекенството. Имала уште една голема љубов: кошарката, за која вели дека ја сакала можеби уште повеќе.

– Постојано ми велеа дека се‘ што сакам ми е на дофат – рекла Лорен.

Токму кога се чинело дека ѝ претстои голем успех, Лорен го доживеала незамисливото: поради употребата на тампони доживеала синдром на токсичен шок.


- Ме пронајдоа дома без свест, со температура од речиси 42 степени, бубрезите ми откажаа. Имав два срцеви удари и ми дадоа само еден процент шанса да преживеам. Кога се разбудив недела и пол подоцна, откако ме ставија на апарати за одржување, бев полна со течности, имав 190 килограми, косата ми беше толку заматена што главата ми беше избричена, а нозете ми беа црни од гангрена, се сеќава Лорен. - Дури кога ја слушнав медицинската сестра како вели дека ќе мора да ѝ ампутираат нешто на младата жена, сфатив дека зборува за мене.

Поради токсичен шок, едната нога и е ампутирана на 19, а другата на 24 години. За поранешната спортистка и жена која живеела одејќи по пистата, тоа било еднакво на смрт.

- Некое време, во најтемните моменти, бев на работ на самоубиство. Морав да се принудам да копам длабоко за да видам дека убавината не се наоѓа само во физичкото, туку и во тоа како влијаеме на другите и на светот околу нас. На крајот, сфатив дека протезата е мојот пат до понезависен живот. Меѓутоа, кога ги видов „вкочанетите“ вештачки екстремитети што беа достапни, се мачев да видам како ќе се справам со нив сама. За да одам напред знаев дека морам да создадам нешто што одговара на мојот идентитет - истакна Васерова.

Три години подоцна, таа продолжи да работи и во 2015 година се појави во празничниот каталог на Нордстром, по што се врати на модните ревии. Како што истакнува, иако работите се промениле во последните години, не ѝ е лесно.

- Во текот на изминатата деценија, откако ми беше дијагностициран ТСС, бев сведок на инклузивност во модната индустрија, но не погрешив: морав да се борам за моето место. Немаше шаблон за модел како мене. Ретко кој како мене се појавил на пистата. Морав да создадам своја патека, сопствена авенија на постоење - вели Лорен.

Денескатаа ниже успеси, а минатиот мај беше една од девојките кои прошетаа по пистата на ревијата на Луј Витон во Сан Диего. На нејзините златни протетски нозе се чувствувала како витез.

- Како витез во сјаен оклоп, така се чувствував кога ја затворив претставата. Додека сонцето заоѓаше зад прекрасниот и бруталистички институт за свила, долги сенки паднаа на бетонот што беше нашата писта, а јас чекорев во долг сребрен капут. Нозете ми беа златни, светкаа под металик шорцевите, водејќи ја армијата манекенки зад мене - се присети Лорен.

Сега, верува таа, целосно  го заокружила кругот.


Фото: Инстаграм