Без нанесување филер до полни усни: Сè што ви треба е оваа состојка, ќе бидете воодушевени од ефектот
За многумина, полните усни претставуваат стандард за убавина, а желбата за поголеми усни продолжува откако Кајли Џенер објави фотографии со полни усни во 2015 година. Тоа беше и почеток на трендот кој продолжи до ден-денес.
Неодамна, на Тик ток се прошири неинвазивен тренд кој наводно дава поцелосен изглед на лицето и секако е попристапен од филерите за усни. Имено, тиктокерката Аличе Џи препорачува користење на серум со хијалуронска киселина, која на крајот се врзува со вазелин. Таквата комбинација ги хидрира усните и ја задржува влажноста, па тие изгледаат по набабрено.
Во коментарите на видеото, корисниците го споделуваат својот ентузијазам за овој метод.
„Ова го правам скоро два месеци и можам да видам дека моите усни се поголеми, не затоа што не користам филери, но искрено мислам дека делува“.
@alicegabrii Did you know about this hack? #skincare #skincareroutine #skintok #skintips #biggerlips yummy x righteous - LOLA ⭑
Ако хијалуронската киселина не се користи правилно, може да предизвика спротивен ефект, па еден корисник на Тик рок изјавил: „Ми се исушија усните откако почнав да го користам ова, не знам зошто“, на што повеќе корисници одговорија дека е неопходно да нанесете хијалуронска киселина на влажна кожа за подобро да делува.
Фото: Принтскрин/ Тик токИзвор: Najzena.alo.rs