Бидете урбани и модерни: Топ фризури погодни за зима

Како да ја шишаме косата?

Косата се третира различно во текот на сите годишни времиња. Во зима, има потреба од повеќе негување и грижа. Зимските фризури ѝ помагаат на косата да се опушти од летните предизвици и да заздрави.

Еве некои од најдобрите стилови на коса погодни за зима и за опуштање на косата:

Боб фризура

View this post on Instagram

A post shared by (@bob_hairslovers)


Фризурата боб е одлична опција во текот на целата година, но за зима таа е особено погодна. Нема да се грижите дали краевите на вашата коса ќе бидат заплеткани во шалот, јаката на палтото или извиткани заради вашата капа. 

Оваа фризура ги решава сите овие проблеми. Боб фризурата е лесна за одржување и не бара посебна употреба на производи за стилизирање што би ја оштетиле косата во зима. 

Природни кадрици

View this post on Instagram

A post shared by Hair Goals (@curly_hair_style_)


Ако имате природни кадрици, дозволете им да скокаат слободно цела зима. Употребата на уреди како преси, фен, фигаро е штетно за косата во зима.

Кадравата коса е посува од правата коса и нејзиното дополнително сушење во зима има штетен ефект врз косата во вакви временски услови.

Брановидна коса со шишики

View this post on Instagram

A post shared by  (@ryennesnow.hair)


Доколку имате коса која е прекршена и имате шишки вие имате фризура која е целогодишен тренд, но во зима е посебно соодветна затоа што полесно се одржува.