Култура // Филм
„Бикини Мун“ на Милчо Манчевски освои Специјална награда во Порто
„Бикини Мун“ на Милчо Манчевски освои Специјална награда на жирито на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, што е прва награда за неговиот петти игран филм. На „Фантаспорто“ Манчевски пред две години беше лауреат на наградата за животно дело, соопшти „Банана филм“.
Во текот на март „Бикини Мун“ ќе игра и на еден од најголемите американски фестивали на независен филм во Сарасота, а во Европа ќе се прикаже и на фестивалот во Софија и Истанбул.