Билкарот Момчило објасни кои се најдобри чаеви за консумирање во зима: Подобро ве будат од кафето и го штитат имунитетот
Билкарот Момчило Антонијевиќ вели дека кога би го започнале денот со шолја топол хербален пијалок, секако би си го продолжиле животот. Според него, ваквите пијалоци се полни со антиоксиданси.
Ако сакате да се разбудите на природен начин, најдобро решение е чајот од нане, коприва или рузмарин, рече тој.
- Добриот и квалитетен чај при купувањето мора да биде зелен, без гранчиња и да има силен, интензивен мирис. Многу е важен квалитетот на растенијата - вели Антонијевиќ.
Антонијевиќ вели дека со конзумирање на билки можеме да го заштитиме нашето здравје. Вранилова трева, наведува тој, е многу добра за имунитет и габични инфекции. Како што додаде, тоа претставува зимски чај, кој во комбинација со маточина дава одличен резултат.
- Зова се користи за настинки - рече Антонијевиќ, додавајќи дека е пожелна и комбинација од тревки каде во ист сооднос може да се стават мајчина душица, смрека и одредени чаеви, а по мешањето се прелива со зовриена вода.
Чаевите прелиени со зовриена вода мора да отстојат најмалку 20 минути пред да се консумираат, истакна Антонијевиќ.
Зборувајќи за копривата, како и за чаевите направени од неа, Антонијевиќ наведува дека секој дел, од коренот до листот, е лековит и дека неговите ефекти се разновидни.
извор:pink