Близначки, а со три месеци разлика - влегоа во Гинис: Едната е родена предвремено, денес се две здрави двојчиња кои заедно напредуваат

Раѓањето на овие две девојчиња буквално ги шокираше луѓето ширум светот. Фактот дека тие се близнаци, но се родија скоро со три месеци разлика, брзо стана вистинска сензација.


Марија и нејзиниот сопруг Крис биле на седмо небо кога дознале дека ќе станат родители на близнаци. Тие веќе имале две деца, момче и девојче, кои исто така со нетрпение ги очекувале бебињата.

Близнаците требало да се родат во септември, но работите излегле малку поинаку.

Уште на крајот на мај, во текот на 24-та недела од бременоста, Марија почувствувала дека наскоро ќе стане мајка. Таа отишла во најблиската клиника и на 1 јуни ја родила ќерката Ејми.


Бебето, кое се појавило долго пред терминот, било добро, иако тежело само 540 грама.

Марија била многу истоштена што дури не можела да ја земе својата ќерка во нејзините раце. Таа сфатила дека силите ја напуштаат трајно и неповратно. Но, морала брзо да се собере, бидејќи требала да се породи и со второто бебе.

Следните настани го изненадиле целиот медицински тим. Тие признале дека во својата пракса никогаш не виделе толку остар прекин на контракциите.

Од чисто техничка гледна точка, матката во такви ситуации ги скратува и ги турка и двете деца надвор. Експертите случајот на Марија го објаснуваат со фактот дека Ејми била многу мала.

87 дена подоцна, на 27 август 2012 година, Марија ја родила близначката на Ејми, Кејти. Девојчето висок било долго 44 см и тежело скоро 2.550 гр.


Лекарите одлучиле да ги отпишат двете бебиња од болицата во скоро исто време. Ејми се опоравила малку, но сепак била многу помала од нејзината помлада сестра.

Девојчињата, родени со скоро 3 месеци разлика, веднаш го привлекоа вниманието на новинарите. Феноменот околу нивното раѓање стана повод за нов светски рекорд, кој е запишан во Гинисовата книга на рекорди.


Иако Ејми и Кејти се близначки, тие родендените ги слават на два различни датуми. И двете девојчиња добиваат честитки и подароци и на двата родендени.

До својата прва година, Ејми практично се израмнила со нејзината помала сестра.
Двете си личат многу, но нивните карактери се радикално различни.


Денес, Ејми и Кејти имаат 8 години и со нетрпение очекуваат повторно да одат на училиште.

Тие се вредни ученици и не престануваат да си помагаат една со друга.


Извор: jenata.blitz.bg

Можеби ќе ве интересира:

Сијамски близначки имаа 30% шанса да преживеат: Денес, телата им се успешно раздвоени и одлично напредуваат

Братската љубов е посилна од сè: Нежноста на постарото братче ќе ве растопи (ВИДЕО)