Бобан (Авалон): Иван Мирчески да се извини за културниот геноцид
Не стивнуваат реакциите по синоќешното гостување на директорот на „Канал 5“, Иван Мирчевски, во дебатната емисија „Само вистина“ која се емитува на неговата матична ТВ-куќа, а во која јавно се извини за погрешното известување на телевизијата за време на претходната власт. „Ако било режим, мислите се работело во розеви услови? Тогаш ми беа одземени ингеренциите“, рече, меѓу другото, Мирчевски во дуелот со Роберт Поповски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.
Револтиран од излагањето на Мирчевски е и сопственикот на „Авалон продукција“, Бобан Милошески.
- Иван Мирчевски да се извини за културниот геноцид што го внесе, измисли и спроведе во Македонија: „Ѕвезде гранда“, концерт на Зорица Брунцлик за Нова година и слично.. И за тоа ли режимот го терал? Или свесно правел „Што глупје то боље“. За ова другово извинување немам коментар – напиша Милошески на својот фејсбук-профил.