Бобан Милошески: Ни велат дека правиме концерти на пензионери, а „Дип парпл“ се помодерни од некои млади бендови

„Дип парпл“, еден од најголемите рокенрол бендови, доаѓа во Скопје на 28 мај, со концерт на стадионот на АРМ, најави „Авалон“ продукција на прес конференција.

 Сопственикот на „Авалон“, Бобан Милошески рече дека се чувствува оти со пандемијава сме загубиле три години од животот. 

- Би сакал малку подолго да си помуабетиме. Кога ми текна дека прес конференција не сме имале три години, а последниот голем светски концерт ни бил со Брајан Адамс при крајот на 2019 година, се чувствувам тажно“, рече Милошески. 

Тој се осврна на големиот англиски бенд чиј концерт е нивен прв настан на отворено за оваа година и раскажа каков бил последниот концерт на „Парпл“ во Скопје.

- Да бидам искрен, тоа беше многу лош концерт. Сите беа напнати меѓу себе, не зборуваа еден со друг на пробите. Но подоцна, кога работевме концерт во Белград, работите се сменија, тоа беше одличен концерт“, раскажа Бобан Милошески. 

- Постојано ни велат, носите некои пензионери, но овој бенд е во чекор со времето, продукциски, тие звучат како да се од 2022, имаат многу прегледи на новите музички платформи., помодерни се од некои млади бендови. Ќе видите како ќе изгледа овој концерт сценски и визуелно, сцената на која ќе се одржи е истата главна сцена од фестивалот „Егзит“, доаѓа истата продукција од “Егзит“, рече Милошески. 

Додаде дека млад бенд ќе биде предгрупа, а нивното име дополнително ќе се објави. „Авалон“ во една недела организира 5 настани, а Милошески е благодарен што како што рече овие нешта сите не’ враќаат во жвиот. 

Еден ден пред „Дип парпл“, стадионот на АРМ се „Дајте музика“, еден ден по „Парпл“, на 29 мај е Масимо Савиќ на истото место, а со Масимо, организираат и концерт во Ниш на 28 мај. За 2023, тој најави помалку концерти од оваа година, но важно е да бидат неколку поголеми, стадионски. Влезниците ги има на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, онлајн на avalon.mk, на регионалните продажни места и онлајн на tickets.rs, gigstix.com и eventim.bg. 

(М.Џ.)