Бојадисување јајца со сода бикарбона: Едноставна и лесна техника, а резултатот е феноменален (ВИДЕО)

Бојадисување јајца со сода бикарбона: Едноставна и лесна техника, а резултатот е феноменален (ВИДЕО)

Техниката на фарбање јајца со сода бикарбона ќе ве воодушеви со својата едноставност, а резултатот е фантастичен.

Доколку се‘ уште не сте се одлучиле која техника на фарбање ќе ја користите, ви предлагаме да го видите овој начин на бојадисување со помош на сода бикарбона.

Во само неколку чекори можете да направите прекрасни велигденски јајца и сето тоа без многу труд.

Потребни состојки:

-Околу 10 варени јајца

-бои по желба

-топла вода

-по 4 лажици сода бикарбона за секоја боја

-3-4 лажички по јајце

-алкохолен оцет

-масло

Начин на подготовка:

Во секој сад ставете по четири лажици сода бикарбона и измешајте со малку вода, за да добиете густа паста. Течните бои ставете ги во сад и прелијте ги со врела вода. Оставете ги да отстојат малку и за тоа време спремете ја содата бикарбона. Сварете ги јајцата и исушете ги, па ставете ги во калап за мафини. Секое јајце прелијте го со лажица со различна боја (шарајте по желба), па прелијте ги со лажица оцет. Оставете ги околу 15 минути, а потоа извадете ги јајцата од бојата и нежно избришете ги со крпа. Откако ќе го избришете секое јајце поминете го со памук на кој има неколку капки масло за јадење.

Целата процедура можете да ја погледнете во видеото подолу.

 


Фото и Видео: Youtube