Божиќна пита по рецептот на Џејми Оливер: Незаменлив дел од секоја новогодишна трпеза, бидејќи има уникатен вкус
Познатиот шеф Џејми Оливер прави пита на посебен начин, целата куќа ќе ви мириса убаво
Ви пренесуваме одличен рецепт од Џејми Оливер, најпознатиот готвач на денешницата, за одлично уживање кое особено ќе ја разубави вашата празнична трпеза. Лесно се прави, неодоливо е сочен, прекрасно мириса, а изгледа многу убаво. Сметаме дека имате доволно причини да го пробате!
Потребни се:
- едно замрзнато лиснато тесто, одмрзнато на собна температура и развлечено до големината на најголемата тепсија
- две кори за гибаница или пита
- една тегла џем од смокви
- цимет
- малку растопен путер
Како се подготвува?
На растегнатото тесто рамномерно распоредете ја содржината од целата тегла со слатко. Прелијте го со сечкани бадеми и брусница. Расукајте го тестото во ролат, па исечете го на 12 помали парчиња.
Следно, двете кори за гибаница премачкајте ги со путер, спојте ги во средината за да добиете поголема површина и нежно ставете ги преку дупките на тавата за мафини. Полека пронајдете ги дупчињата, од средината кон краевите и нежно вметнете по една ролна. Посипете сè со цимет и шеќер во прав.
Ставете го плехот во загреана рерна на 175 степени и печете околу 20 минути.
Кога ќе се испече, свртете ја целата тава на решетките за да испадне целата торта, па превртете ја и кинете ја дел по дел. Однадвор крцкави, внатре меки и сочни. Уживајте во одличниот мирис и вкус!
Извор: stil.kurir.rs