Братот на Џулија Робертс реши да проговори: Ова е вистината за познатата актерка

Со години се зборуваше дека не се во добри односи, а еве што е вистина...

Американскиот актер Ерик Робертс по долго време се појави во јавноста, а сите дополнително ги изненади со коментарот за односот со својата позната сестра Џулија.

Во интервју за „Behind the Velvet Rope“, 66-годишниот актер ги отфрли гласините дека се скарани со 54-годишната актерка, откако веќе со години се пишува за раздорот помеѓу нив двајца.

„Џилија и јас секогаш сме во добри односи. Мислам дека пред многу години бев на прес турнеја за некој филм. Не знам ни кој филм беше тоа. И тоа беше кога „Pretty Woman“ само што излезе и ми поставуваа милион прашања за Џулија. А јас им кажав: „Еј, извинете. Може ли да разговараме за мене?“ Мислам дека беше многу смешен, но секако тогаш се појавија тврдењата дека имаме проблем. И од тогаш слушам за проблемите со својата сестра, а кои не постојат“ - изјави Ерик, иако заедно се немаат фотографирано со децении, ниту пак се имаат појавено во јавност.


Ерик за нивниот однос одбиваше да зборува, сѐ досега.

„Не се согласуваме околу многу работи, но секогаш сме разговарале, шегувале и забавувале. Едноставно е така. Таа е многу кул девојка“ - заклучи.

Додаде и дека животот на Џулија не бил лесен, бидејќи балансирала помеѓу растењето на тројца тинејџери и уогата во новиот политички трилер „Gaslit“.

„Има три тинејџери. Мислам, нејзиниот живот не изгледа како ден поминат на плажа. И таа има многу проблеми со кои мора да се носи“ - откри Ерик.

фото: Принтскрин / Инстаграм