Браво, рециклира: Прво беше долг, сега миди, но првата дама знае како тоа да го носи- и на прием во Чешка и кај нас
Првата дама Елизабета Ѓоргиевска вчера заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски беа дел од настанот по повод 65 години од основањето на до ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 Ноември “ – Скопје.
За оваа пригода Ѓоргиевска одбара веќе проверена модна комбинација, која ја носеше и на традиционалниот годишен прием за дипломатски кор во Чешка оваа година.
Бордо бургунди миди фустанот е креација која ја има носено во повеќе прилики, но специјално за посетата на Чешка фустанот беше адаптиран и изработен од македонски кројачи.
Исто така и чевлите кои ја имаат истата боја како фустанот се од македонски производител.
За првата дама познато е дека ги почитува македонските дизјанери и производи, но и го поддржува принципот на одржлива мода кој често го применува во пракса.
Фото: Инстаграм