Бред Пит објасни зошто носеше здолниште на црвениот тепих: Никој не го очекуваше овој одговор

Бред Пит конечно одговори на прашањето зошто решил на филмската премиера да се појави во здолниште!

Еден од најпосакуваните актери, човекот кој цел живот ја носи титулата најубав маж, реши да го објасни стајлингот кој предизвика големо внимание. Кога во Берлин се одржа премиерата на филмот „Bullet Train“, никој не очекуваше дека Бред Пит ќе се појави во здолниште!

Предизвика големо внимание, папараците постојано фотографираа, а корисниците на социјалните мрежи бескрајно шушкаа за тоа. Иако повеќето жени мислат дека што и да облече тој ќе биде со стил, многумина ги интересираше зошто Бред го одбрал овој изглед.

На новинарско прашање зошто се облекува така, Пит даде сосема необичен и неочекуван одговор.

„Не знам! Сите ќе умреме, па ајде да ги комплицираме работите“.

На премиерата во Лос Анџелес тој не облече здолниште, туку лелеаво зелено одело со сино-зелена маица одоздола и светло жолти патики.

Да потсетиме дека во 2004 година Бред изјави дека е сигурен дека мажите еден ден ќе имаат здолништа во гардеробата.

„Мажите ќе носат здолништа следното лето. Тоа е мое предвидување и најава. Филмот им одговара на припадниците на двата пола. Сакавме реализам, а Грците во тој период постојано носеа здолништа", рекол тогаш Бред.

Како изгледаше Бред во здолништето погледнете ОВДЕ.


Фото: Профимедиа/Youtube - screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

Има 58 години и изгледа подобро од кога и да е: Ниту Анџелина Џоли не успеа да го уништи - сè уште е убав како Аполон