Бред Пит како модел! Актерот издоминира во зелен костум - има 58 години и изгледа како фраер (ФОТО)

Холивудскиот актер Бред Пит (58) деновиве е во центарот на вниманието, не само поради премиерата на новиот филм „Bullet Speed“ туку и поради неговите необични комбинации.

Публиката ширум светот остана шокирана кога Бред Пит се појави во здолниште (?!) на промоцијата на филмот во Берлин, а во Лос Анџелес „блесна“ во необична светло зелена комбинација со жолти патики.


- Колку и да на многумина им изгледа невкусно што мажот носи здолниште или костум во светло зелена боја по повод настани како премиери на филмови, Бред Пит може да послужи како инспирација во изборот на материјали, бои и кроеви за летни комбинации на облека - оценуваат модните новинари од странските медиуми.


Сите овие комбинации се направени од природни материјали, лен и памук.


Самиот Пит претходно изјави дека сака монохроматски (еднобојни) комбинации и едноставност и дека најважно му е како се чувствува во нешто, а не дали е тоа тренди.


Фото: Твитер

Фото насловна: Youtube - screenshoot - Nina Ashuna

Можеби ќе ве интересира:

Сите кои сте вљубени во Бред Пит-жал ни е! Славниот актер има нова девојка !