Има 58 години и изгледа подобро од кога и да е: Ниту Анџелина Џоли не успеа да го уништи - сè уште е убав како Аполон
Бред Пит беше
забележан на брод како крстари по реката Сена додека им
мавташе на обожавателите кои му се восхитуваа поради неговиот беспрекорен
стајлинг и изглед, како и неговиот сеопфатен шарм
Бред Пит слета во Париз. Актерот (58) беше стилски облечен во портокалова ленена кошула и панталони додека им мавташе на обожавателите додека крстареше по реката Сена во саботата. На совршениот летен костум додаде кошула во цигла боја и уште еднаш докажа дека годините не му можат ништо. Со очила за сонце славниот актер изгледаше како одлично да се забавува.
Бред го држеше мобилниот телефон додека се смешкаше и гледаше во толпата, а обожавателите забележаа дека тој едвај остарел.
Бред ја посети француската престолнина за да го промовира својот филм Bullet Train, кој ќе биде прикажан во кината на 5 август 2022 година. Во акциониот филм Бред игра еден од петте убијци. Покрај него во филмот игра и Сандра Булок, па веќе се шпекулира дека филмот ќе биде голем хит.
Неговите деца Захара (17), Шајло (16) и Вивиен (13) исто така беа забележани во Европа во последните недели со нивната мајка Анџелина Џоли (47). Поранешната сопруга на Бред е во Вечниот град и го режира нејзиниот најнов филмски проект „Без крв“, заснован на бестселерот на Алесандро Бариќ. Оскаровката работи со нејзината колешка Салма Хајек, која ќе ја толкува и главната улога во истоимениот филм.
Поранешниот брачен пар се‘ уште се бори за старателството по бурното разделување и продажбата што Анџелина наводно ја направила незаконски. Имено, Анџеина и Бред до неодамна биле сопственици на профитабилен бизнис со вино на југот на Франција, а својот дел го продала на руски олигарх, со што го загрозила бизнисот што Бред Пит со години го развивал. Во медиумите се шпекулира дека доколку тие двајца одат на суд, тоа судење сигурно би го победило она меѓу Амбер Херд и Џони Деп, кое го следеше речиси цела планета.
Фото: Профимедиа
Можеби ќе ве интересира: