Мислат дека сум арогантен, а не знаат дека сум болен: Бред Пит откри дека со години се бори со просопагнозија
фото:PROFIMEDIA
Еден од најголемите холивудски актери и заводници неодамна даде интервју за магазинот „GQ“ во кое откри многу детали од приватниот живот.
Познатиот холивудски заводник Бред Пит (58) со години се бори со многу проблеми. Еден од нив е неможноста да се сети на лицата на луѓето што ги среќава, а многумина го критикуваат поради тоа, не знаејќи дека тоа е проблем со кој се бори.
Имено, тој објасни дека често има проблем со препознавање луѓе и запомнување на лица. Поради ова, тој не може да се сети на луѓето што ги запознал ниту во минатото, ниту во поскоро време.
Оваа состојба е позната во медицината и има свое име - просопагнозија или нарушување на перцепцијата човекови лица - неспособност за препознавање/идентификување.
Бред Пит го има тоа ретко невролошко пореметување. Меѓутоа, никогаш официјално не му била дијагностицирана оваа болест, туку врз основа на симптомите заклучил дека боледува од ова нарушување.
Во целиот свет голем број луѓе го имаат истиот проблем, но со различен интензитет. Некои од нив не можат да се сетат ни на лицата на најблиските, додека има и такви кои како Бред Пит се сеќаваат на некои, а некои мораат да ги видат многу пати за да им бидат барем малку познати.
Не постои терапија која ја лекува оваа болест, но со примена на одредени техники како потпирање на гласот, облеката, спецификите при движење може да помогне во препознавањето на луѓето.
За овој проблем се зборува многу повеќе откако се зголеми глобалната свест за нарушувањата на аутистичниот спектар бидејќи прозопагнозијата почесто се јавува кај лицата со аутизам.
извор:GLOSSY