Бред Пит со одлука која разочара милиони жени ширум светот

Добивај вести на Viber

После разводот од Анџелина Џоли, славниот актер и миленик на припадничките од понежниот пол Бред Пит донел одлука со која разочарал огромен број обожавателки ширум светот

Бред се опоравува од бурниот развод , поради што во своето секојдневие вклучил вежбање и медитација.

Тој ослабнал, здраво се храни и не конзумира пијалок , пишуваат светски медиуми.

Меѓутоа, најдрастичната одлука која актерот во овој пресврт од неговиот живот ја донел е апстиненција од секс.

Тој одлучил да одмори од жените некое време, како би го „расбистрил умот“ после разводот од долгогодишната сопруга.

Како што наведува изворот на британски „Сан“ 54-годишниот актер постојано бил во долги врски, поради што заборавил како изгледа да се биде самец - па сега се обидува да се потсети на осамениот живот.

Сепак, кога се дамите во прашање, не е се така „безнадежно“, бидејќи Бред апстиненцијата ја орочил на период од само година дена.