Култура // Настани
Брејк а Лег ќе ја претставува нашата земја на Европското Првенство во ХипХоп и Брејкденс во Италија
Танчерите на Брејк а Лег ќе ја претставуваат нашата земја на Европското Првенство во ХипХоп и Брејкденс кое ќе се одржи од 16ти до 19ти Мај во Римини, Италија.
На Европското првенство учество ќе земат над 2000 танчери од 26 земји, а организатори се Италијанската Танцова Федерација и ИДО (International Dance Organization).
Танчерите се подготвени и оптимисти за највисок пласман, особено поради тоа што во истиот состав во 2016та година беа Светски Вицешампиони на Светското првенство во Австрија.