БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ВО МНОГУ ПРИВАТНИ ФИРМИ И ДОСЕГА ОДЕА НА РАБОТА: Ќе се вратат ли оние трудници вработени во администрацијата?
Државата за некого мајка, за некого маќеа, вака велат согоговорничките на Фактор кои за некој месец го очекуваат нивното второ дете. По вчерашната одлука на Комисијата за заразани болести за препорака за укинување на мерката ослободување од работа на бремените жени, една од соговорничките на Фактор, вработена во скопска приватна компанија се сомнева дека голем дел од трудниците кои се во државните институции ќе се вратат на работа.
-Оваа мерка едноставно не важеше за нашите газди. Секоја чест на исклучоците, бидејќи има и приватни фирми каде што трудниците од почетокот останаа дома за да се заштитат од корона вирусот. Но, јас конкретно, во најкритичниот период од бременоста, првото тромесечие, морав да одам на работа, и секако и сега морам да одам на работа. Законски не може да добијам отказ, но за да се поштедам од нервози и расправии, продолжив да одам на работа, без разлика што одлуката на Владата бремените жени во време на пандемијата треба да бидат ослободени од работа. Државата едноставно нема механизам како да им нареди на приватните газди да ги почитуваат одлуките на Владата и тоа не само за нас. Ист беше случајот и со мајките на деца до 10 години, со хроничните болни. Едните, вработени во администрацијата, не знаат каде им се работните места, и уште не знаат. Другите, вработени во приватните фирми, немаат слободен ден. Ниту една мерка донесена од Владата не се испочитува. А сега, иако Комисијата за заразни болести даде ваква препорака, навистина се сомневам дека голем дел од трудниците ќе се вратат на работа, вели соговорничката на Фактор.
Повеќе на Фактор тука.