Бритни Спирс ја загрижи јавноста: Објави 12 фотографии на кои е потполно гола, фановите сметаат дека е нестабилна

Добивај вести на Viber

Пејачката е слободна да одлучува за себе, по судската битка со нејзиниот татко, но оттогаш често објавува провокативни фотографии од кои многумина се згрозени, а некои обожаватели сметаат дека надзорот постоел со причина.

Иако најави дека се повлекува од социјалните мрежи, поп ѕвездата Бритни Спирс (40) сега објави серија фотографии на кои е целосно гола. Таа со своите објави ги загрижи обожавателите, а многумина ја замолија да престане да прави вакви фотографии.


- Фотографии од моето последно патување во Мексико, пред да останам бремена. Зошто по ѓаволите изгледам десет години помладо на патувањата? – напиша пејачката покрај објавата на која со рацете ги крие градите и интимата со срце емотикон.


Обожавателите во коментарите пак изразија загриженост за пејачката затоа што неколку пати ја објавуваше истата фотографија. 

Многумина ја критикуваа дека премногу им покажува на фановите. Бритни има над 40 милиони следбеници на Инстаграм, па фановите беа изненадени што неколку минути по првата објава од шест фотки, Бритни сподели уште три разголени фотографии, многу слични на првите. Таа подоцна објави уште три.


„Оваа девојка е болна, ѝ треба помош“, гласат некои од коментарите, а дури пишуваат дека Бритни била под надзор на нејзиниот татко со причина.

Поп-ѕвездата по 13 години поминати на суд во ноември минатата година, по судска битка, ја врати контролата врз нејзините финансии и здравствените и личните одлуки. Случајот го пренесоа сите медиуми, а фановите ја поддржаа во обид да се ослободи од надзорот на нејзиниот татко Џејми Спирс.

Бритни сега е слободна да одлучува, но оттогаш често објавува провокативни фотографии од кои многумина се згрозени, а некои обожаватели се загрижени и мислат дека надзорот постоел со причина.

- Постојано докажува дека е нестабилна - тврдат нејзините фанови.

Потсетуваме дека пејачката и нејзиниот вереник Сем Асгари чекаат дете, а веста за бременоста ја потврди и преку Инстаграм. Таа призна и дека нема да излегува во јавност за време на бременоста бидејќи сака да ги избегнува фоторепортерите кои би можеле да ја фотографираат.

извор:24sata.hr

Бритни Спирс е бремена, ќе стане мајка по трет пат: Додека беше под старателство бременоста ѝ беше забранета, а имаше вградено и спирала


Откако е ослободена од канџите на сопствениот татко, Бритни Спирс планира да го направи она што не можеше во претходните 13 години