Брижит Макрон: Појадуваме во друштво на моите брчки и неговата свежина

Фото насловна: Инстаграм/thebrigittestyle

Првата дама на Франција отворено зборуваше за нејзината врска со нејзиниот многу помлад сопруг, претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Oткако за прв пат Емануел беше избран за претседател, по само неколку месеци поминати во Елисејската палата, Брижит откри дека воопшто не се чувствувала како прва дама на Франција.

„Тоа е превод на американски термин и не ми се допаѓа ништо во врска со тоа. Кога и да го слушнам тој термин, се вртам и прашувам „За кого зборуваш?““ - откри таа. “Секако, сакам да бидам многу јасна: ги извршувам и ќе ги извршувам моите должности како што правеа сите мои претходници“ - додаде таа.

Во своето прво интервју по изборот на Макрон за претседател, тогаш 64-годишната Бриџит за прв пат зборуваше за нејзиниот брак со 24 години помладиот сопруг.

Единствената мана на Емануел е што тој е помлад од мене. Кога и да прочитам што пишуваат медиумите за нашата врска, секогаш имам впечаток дека читам за некој друг. Сепак, нашата приказна е толку едноставна. Да не го сретнав, ќе ми недостасуваше толку многу во животот - објасни првата дама на Франција.

Кога го запозна, Макрон беше амбициозен тинејџер, а таа беше негова учителка по драма и мајка на три деца. Нејзините чувства кон ученикот растеа стабилно, но Брижит изјави дека во тоа време не сакала да има ништо со него.

Озборувањето беше единственото нешто што тогаш постоеше меѓу нас. Мојата единствена преокупација во тоа време беа моите деца, рече таа.

Сепак, наместо да гасне, нивната љубов растеше се повеќе и повеќе со текот на времето. И покрај противењето на околината поради разликата во возраста, парот се венча во 2007 година.

Не чувствувам разлика во години. Наутро појадуваме заедно, јас со брчки, а тој со својата свежина. Но, така е, заклучи тогаш Брижит.