Брижит Макрон важи за господарка на стилот во Европа: Овој нејзин изглед го потврдува тоа

Добивај вести на Viber

Синоќа во Елисејската палата се одржа средба меѓу Емануел Макрон, претседателот на Франција и Серж Матарело, претседателот на Италија.

Макрон пристигна во друштво на неговата сопруга Брижит, а парот беше беспрекорно стилизиран, но целото внимание, како што се очекуваше, го украде 68-годишната прва дама на Франција. 

Брижит уште еднаш докажа дека со право се смета за една од најдобро облечените жени во светот, а нејзиното едноставно, но неверојатно елегантно издание не‘ остава без зборови.

За оваа ексклузивна вечера, г-ѓа Макрон избра долг бел фустан со малку „пуф“ ракави и украсна сребрена лента во пределот на половината, оваа креација ја истакна нејзината убава, витка фигура.

Елегантниот тоалет имаше и шлиц што ги откри модерните салонки на високи потпетици во бела боја со метален сребрен детаљ. 

Познатата Французинка не претеруваше со своите додатоци, па носеше дискретни дијамантски обетки и сребрена мала плико чанта, а доза гламур додаде и нејзината софистицирана, убава пунџа.

Како ви се допаѓа модниот избор на сопругата на Макрон?


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Моден совет кој го добила од својата баба, го следи и денес: Еве зошто Брижит Макрон носи мини здолништа (ФОТО)