Бројките експлодираат, не е проблем само Ковид, во големо е присутен и грипот: На грипозните им светат очите и им тече носот, болните од ковид немаат вакви симптоми
Периодот на настинки и грипови им донесе полни раце работа на матичните лекари. Дополнително на ваквата состојба, бројот на новозаразени со корона вирусот бележи огромен скок, а последните бројки коиндицираат со огромниот број новогодишни прослави, неконтролирани собирања со исклучително лабави антиковид мерки. Истовремено, пак, и податоците во однос на состојбата со сезонскиот грип покажуваат дека постои среден интензитет на активноста на вирусот на грип. Од почетокот на сезоната на грип, октомври, ноември, декември, во Македонија се регистрирани вкупно 1.148 случаи, што е 3,6 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона, а во однос на моделот од последните 10 сезони се регистрира зголемување од 16,2%. Само во претпоследната недела на декември во Македонија се пријавени 361 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип.
- Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој сeуште е под неделната граница за сезонска активност. За прв пат оваа сезона, резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца се над границата на позитивност од 10%. Согласно овие податоци, Македонија има регионална раширеност и среден интензитет на активноста на вирусот на грип, се наведува во епидемиолошкиот календар на Институтот за јавно здравје.
Оваа состојба ја потврдуваа и матичните лекари кои нагласуваат дека искусните лекари веднаш можат да ги распознаат разликите меѓу пациенти кои се инфицирани со ковид 19 со оние кои во моментов се заразени со сезонскиот грип или имаат вообичаена зимска настинка.
Повеќе на Фактор.мк