Брус Вилис се повлекува од глумата: Страда од состојба која го нарушува говорот, пишувањето, разбирањето и изразувањето
Сите што го исмеваа сега имаат грутка во грлото...
Брус Вилис се повлекува од светот на глумата, откако е откриено дека се бори со афазија, пореметување кое влијае на когнитивните функции, но многу пред да се дознае што е проблемот на актерот - тој беше цел на потсмев...
Легендарниот актер Брус Вилис (67) поради болест се повлекува од светот на глумата. Како што објави неговото семејство на Инстаграм, актерот страда од пореметување наречено афазија, кое резултира со губење или нарушување на говорот, со намалена способност за разбирање или изразување.
Афазијата е медицинска состојба која може да влијае на способноста на една личност да зборува, пишува, па дури и да разбира јазик, без разлика дали е говорен или пишан. Најчесто се јавува по срцев удар или повреда на главата. Причини за афазија обично се васкуларни лезии, тумори, трауми, дегенеративни заболувања на ЦНС...
Сепак, она што е повеќе од тажно во состојбата на Брус е што актерот со години го нарекуваат мрзлив, дека не бира добри филмови, а медиумите не го поштедија ниту кога се појави без маска во аптека, по што се извини.Тој истакна дека не ја проценил добро ситуацијата.
Поразувачки е што и во организацијата Златна малина, која е пандан на Оскарите, но со „награда“ за најлоши достигнувања, цела категорија направија само за Брус.
Режисерот Мет Ескандари објави коментар на Фејсбук, под видеото за гласините за болеста на актерот пред извесно време и со тоа го подгреа сомнежот дека Вилис не е добро.
- Вистината е. Со него режирав четири филма, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи. Видов како изгледа да се работи со него во последните неколку години – напиша тој
- За време на снимањето на филмот Glass, вработените морале да сечат и монтираат многу сцени бидејќи Брус едноставно не можел да запомни одредени делови од текстот. Во повеќето сцени, тој има качулка за да го скрие апаратчето во увото додека некој му го кажува текстот. На снимањето не сакал да се смее, а на сетот секогаш бил придружуван од помошник - изјави извор за ОК Магазин.
Брус во последниов период е неразделен од членовите на семејството, а Деми Мур објави неколку фотографии на кои му го честита роденденот.Инаку по разводот од Деми Мур, Брус е во брак со 43-годишната манекенка Ема веќе 13 години.